Во 2020 година затворени рекорден број на 274 новинари

361 прегледи

До 1. декември годинава, 274 новинари ширум светот завршиле во затвор поради нивната професија, соопшти денес Комитетот за заштита на новинарите, јавува агенцијата Анса.

Две години во низа, Кина е на првото место. Таму оваа година се затворени 47 новинари од сите видови медиуми, а по нив следуваат Турција, која испрати 37, Египет 27, а Саудиска Арабија 24 новинари.

Што се однесува до Иран, таму биле уапсени 15 новинари, од кои 1 од нив бил погубен под обвинение за ширење на лажни вести и шпионирање за странска земја.

Во рамки на извештајот на Комитетот, со седиште во Њујорк, се наведува дека годинава новинарите се подложени на уште поголем притисок од политичарите во вршењето на својата работа, бидејќи многу влади, направиле обид да ја прикријат вистинската епидемиолошка состојба поради пандемијата со Ковид-19, обвинија и затворија многу новинари.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика владите да ги ослободат новинарите уапсени само затоа што си ја вршеле својата работа.

„Во нашиот секојдневен живот, медиумите и новинарите се неопходни при донесување одлуки, а уште повеќе за време на пандемијата на Ковид-19, бидејќи точните информации често пати се одлучувачки меѓу животот и смртта“, рече Гутереш за извештајот на Комитетот.

Слични содржини