Во 2023 година, околу 663.000 луѓе повеќе се доселиле отколку што ја напуштиле Германија

од Milan1
22 прегледи

Во 2023 година, околу 663.000 луѓе повеќе  се доселиле во Германија отколку што ја напуштиле, но тоа е сепак речиси двојно помалку од една година порано, пренесува Германската новинска агенција (dpa).

Федералното биро за статистика во четвртокот објави дека причина за ваквиот тренд е пред се помалиот број бегалци од Украина.

Бројот на Украинците кои побарале засолниште во Германија во 2023 година бил за околу 75 отсто помал отколку во 2022 година. Така, во 2022 година во Германија пристигнале околу 1.098.000 граѓани на Украина, а лани само 276.000.

Истовремено, во 2022 година, е забележан најголем број на доселеници односно 1.462.000 лица.

При долгорочна споредба, нето имиграцијата минатата година е висока. Освен 2022 година, тој број е надминат уште само во 2015 и 1992 година.

Слични содржини