Пристапот до “Фејсбук”, “Твитер” и други социјални мрежи беше блокиран од страна на властите во Алжир како мерка против препишување на матура.
Претходно овој месец полицијата во земјата оствари десетици апсења во обид да се утврди како одговорите на матурските испити завршиле однапред на интернет. Пред одржувањето на вториот круг од испитите беше донесено радикалното решение за привремено прекинување на пристапот до социјалните мрежи, бидејќи новите одговори на прашањата на испитите веќе истекоа во мрежата.
Во моментов во одредени сајтови не може да се влезе ниту во нормалните вај фај зони преку 3G мобилните мрежи. Министерството за пошти и информации во африканската земја анонсира привремената забрана и директно ја поврза со спроведување на матурски испити оваа недела. Целта е учениците да бидат заштитени од “лажните теми” кои циркулираат онлајн.