Во Англија згрозени од потегот на Артета: Го принуди својот повреден играч да се врати на теренот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Фудбалерите на Арсенал синоќа во лондонското дерби го победија Вест Хем со 2-0, а Гарбриел Мартинели беше еден од најдобрите на теренот постигнувајќи го првиот гол на натпреварот. Но, во второто полувреме тој падна на тревникот повреден, а тоа му падна во око на неговиот шеф.

Наместо да го праша како е, Артета го зграпчи и му нареди да се врати на тревникот за да му помогне на тимот и накратко да ја прекине играта за да украде барем малку време. „Топчиите“ во моментот на натпреварот имаа предност од 2-0 и во нивен интерес беше времето да помине побрзо.

Нешто подоцна, кога ситуацијата се смири, Артета го извади повредениот Мартинели и покажа дека има уште малку срце.

„Топчиите“ натпреварот го завршија со играч повеќе, бидејќи Вест Хем остана без исклучениот Владимир Куфал и со победата скокна на четвртото место во поредокот.

Слични содржини