Во Авганистан и кучињата стануваат зависници од хероин (ВИДЕО)

од Milan1

Бездомниците и зависниците од дрога во Кабул им дозволуваат на кучињата скитници да вдишуваат дрога и да ги направат зависни. Затоа кученцата не се одвојуваат од нив, постојано им прават друштво, а во зима ги греат додека спијат

Авганистанските бездомници и зависниците од дрога кои живеат на улиците на Кабул намерно ги навлекуваат кучиња скитници на хероин, и со тоа прават тие да не се одвојат од нив и да ги топлат и им прават друштво во студените зимски месеци.

Тие им дозволуваат на несреќните животни секојдневно да вдишуваат дрога и на тој начин ги прават зависници, бидејќи кучињата им требаат како своевидно „грејњо тело“ покрај кое спијат во импровизирани засолништа кога температурата ќе падне под нулата.

Доаѓаат по доза

Светските медиуми објавија шокантни фотографии на кои се гледаат бездомници во југозападниот дел на Кабул како туркаат исечено пластично шише под муцката на куче, а потоа низ него дуваат чад од запален хероин, кој кучето било принудено да го дише. Новинарите наведуваат дека овие бизарни сцени не се невообичаени на улиците на авганистанската престолнина и дека во последните години се повеќе зависници се одлучуваат да ги намамат животните на злобната дрога.

– Кучињата стануваат зависни од хероин исто како и ние луѓето. Ако редовно им давате дрога, тие сигурно ќе останат покрај вас што и да се случи бидејќи знаат дека ќе добијат хероин. Ќе се враќа секоја вечер и ќе ве загрева. Кучето ми значи многу, не само затоа што полесно ќе го издржам студот со него, туку и затоа што ми прави друштво, им рекол на новинарите бездомник од Кабул, кој се претставил како Ахмед.

Евтина дрога

Авганистан е најголемиот производител на хероин во светот, па оваа дрога е евтина и лесно достапна во таа земја. Просечната дневна доза хероин на улиците во Кабул чини околу 200 Авгани. Но, за бездомниците во Авганистан тоа е прилично голема сума, бидејќи најмногу живеат од собирање амбалажа или од носење муштерии кај таксистите. Затоа секој ден им треба многу труд и мака за да заработат пари за дрога за себе и за своите миленици, но Ахмед вели дека трудот се исплати.

Талибанците убиваат наркомани

По преземањето на власта во Авганистан во август, талибанците најавија дека ќе ја искорнат зависноста од дрога во таа земја и ќе спречат производство и шверц на дрога.
Оттогаш, медиумите постојано известуваат за рации на улиците на Кабул и другите поголеми авганистански градови, во кои талибанците тепале зависници, насилно ги носеле во центри за рехабилитација, па дури и ги убивале. Затоа многу бездомници и наркомани се во голем страв, па кријат дека се зависници за да не паднат во немилост на талибанските власти.

– Овде зимите се многу студени, ноќе температурата е претежно под нулата, а во јануари се случи да биде минус 16 Целзиусови степени. Затоа кучињата се наши драгоцени пријатели. Ни даваат топлина и друштво, објаснува Ахмед.

Слични содржини