Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година се издадени 378 одобренија за градење, што е за 37.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 219 358 илјади денари, што е за 47.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (45.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 102 (27.0 %) за објекти од нискоградба и 104 (27.5 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 378 објекти, на 196 (51.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (48.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 514 станови, со вкупна корисна површина од 48 041 м2.