Австриската партија на слободата ги критикуваше семафорите со силуети на хомосексуалци, кои се појавија во Виена.
“За семафорите кои ќе се користат само до јуни, се потрошени 63 000 евра. Би било подобро овие средства да бидат потрошени за борба против сиромаштијата и невработеноста”, истакнува Тони Мадалика, прес секретарот на Австриската партија на слободата.
Од партијата дури се закануваат да ја тужат Марија Василаку задолжена за транспортот во австриската престолнина. Самата Василуку негираше дека иновацијата промовира нетрадиционални сексуални ориентации. “Идејата е да биде заострено вниманието на пешаците и на тој начин да биде намален бројот на инцидентите со нив”.