На 28.11.2015 година во 10.15 часот на влез во Гевгелија, при контрола на автобус сопственост на „Руле Турс“ од страна на полициски службеници, откриени се четири лица странски државјани кои илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница. Во 10.35 часот, лицата се приведени во ПС за ГН и ГП„Богородица“–железнички, при што е утврдено дека се работи за лицата В.А.М.(36) од Либан, А.М.(22) од Мароко, А.Х.(40) и Р.М.(22) двајцата од Авганистан. По извршениот разговор со лицата констатирано е дека на автобуската станица во Гевгелија непознато лице им ветилo превоз до Р.Србија за сума од 400 евра и откако се договориле на лицето му дале 300 евра и мобилен телефон „Самсунг Галакси“, по што тој им извадил автобуски карти и ги оставил на автобуската станица. По оперативен пат е дознаено дека се работи за лицето М.И.(45) од с.Мрзенци, кој бил повикан да се јави во ПС на информативен разговор, при што кај него е пронајден телефон „Самсунг Галакси“, кој од страна на мигрантите му бил даден во против вредност од 100 евра. Во 16.00 часот лицата се предадени на ПС од ПС-Гевгелија за понатамошна постапка.
Разбојниците “сработија” казино и таксист, а ајдуците куќа…
НК за КР Гевгелија на 19.11.2015 година до ОЈО Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Ч(41) од Валандово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Пријавениот во периодот од 14.10.2015 година до 21.10.2015 година во десет наврати извршил јавен превоз на стоки, односно разни видови дрвни сортименти, за повеќе физички лица. Превозот го вршел со ТМВ „Мерцедес Бенз“ без да поседува лиценца за вршење јавен превоз на стоки издадена од Министерството за транспорт и врски.
