Во Белгород нема цивилни жртви

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Нема загинати цивили во нападот на воената база во руската област Белгород, но многу војници се убиени или ранети, изјави рано утринава гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

Страшен настан се случи на наша територија, на територијата на нашата воена база“, рече Гладков во видеото објавено на апликацијата Телеграм.

„Многу војници беа убиени и ранети… Меѓу ранетите и убиените нема жители на регионот Белгород“, додаде тој.

Гладков не кажа колку војници загинале, но претходно руската државна новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека 11 лица загинале, а 15 се ранети.

Слични содржини