Во Белград дадени 938.006 дози вакцини против корона

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Во Белград заклучно со вчера, вакцинирани се 554.476 лица, што е 39,4 отсто од возрасната популација, додека 383.530, што е 27,3 отсто од возрасната популација, се ревакцинирани.

Во објава на својот Фејсбук профил, Весиќ прецизира дека досега се дадени 938.006 дози вакцини во Белград, за вакцинирање и ревакцинација.

Тој навел дека населението во Белград, на возраст од 65 до 74 години, било вакцинирано во процент од 68,9 отсто.

Вели дека вакцинирани се 46 отсто од мажите и 54 отсто од жените, а просечната возраст на вакцинираните е 59,1 година.