393
По финалната вечер на Беовизија минатата недела, познатиот пејач Хари Мата Хари доживеал вистински шок кога се вратил во хотелската соба.
Тој открил дека му е украден рачниот часовник вреден 15.000 евра. Во собата не бил максимум половина час, колку што му требало да пристигне во салата и да настапи, па веднаш потоа да се врати.
Веднаш биле прегледани сигурносните снимки и откриено е дека никој не влегол преку вратата на хотелот, туку кражбата се случила преку балконската врата која пејачот ја заборавил отворена, без воопшто да помисли дека нешто такво може да се случи за толку кратко време.