Во вторникот попладне, на местото на семејната куќа на Дража Михаиловиќ во Белград, беше отворена спомен соба за тој четнички војвода, кого неговите приврзаници, како и целото четничко движење, го сметаат за член на антифашистичкото движење.
Во куќата на улицата Брегалничка се одржа свеченото отворање на „Музејот Чича Дража“, каде што има споменик откриен од страна на српскиот академик Матија Беќковиќ.
Тој, како што пренесуваат белградските портали, ја поздравил толпата со зборовите „Бог на помош на хероите“, на што тие одговориле „Бог нека ти е на помош“, што е познат четнички ритуал. „Генерал Михаиловиќ нема рамен меѓу српските новомаченици, генералот Михаиловиќ беше прогласен за предавник, а со тоа и српскиот народ беше прогласен за предавник“, рече Беќковиќ.
На првиот кат од зградата настапуваше гусларот Бошко Вујачиќ, а меѓу толпата е забележана ќерката на Благој Јововиќ, член на четничкото движење кој во 1957 година го уби усташкиот поглавар Анте Павелиќ во Буенос Аирес, пренесе „Телеграф“.
Blokirana Bregalnička. U toku otvaranje muzeja/spomen sobe Draži Mihailoviću. #Beograd pic.twitter.com/uPPWPrqjrj
— Vanja Đurić (@Vanjuus) October 17, 2023
Спомен-собата на четничкиот генерал ја поставија здруженијата Наша Дрина и Организацијата на борците на Србија и Српска. На чело на двете здруженија се директорот на јавното претпријатие „Србијашуме“ и претставник на Социјалистичката партија на Србија, Игор Брауновиќ. Тој го организирал купувањето на куќата на Дража, за во неа да создаде музеј од 110 метри квадратни.
Да потсетиме, со одлука на белградскиот Виш суд од 2015 година, Дража Михаиловиќ беше рехабилитиран, а четничкото движење беше изедначено со партизанското движење. Иако српската политичка елита се однесува како да е легитимна пресуда, во српската јавност има и критички гласови кои ја осудуваат оваа неверојатна идеја.