Во Белград вакцинирани скоро третина од возрасните граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, денес соопшти дека до вчера биле вакцинирани 457.956 возрасни граѓани на главниот град, односно 32,5 отсто, а втората доза ја примиле 316.153, односно 22,45 отсто од граѓаните.

Кај населението на возраст меѓу 65 и 74 години, вакцинирани се 61,4 отсто од граѓаните.

Од вакцините во Белград, 47 отсто се мажи, а 53 отсто се жени. Просечната возраст на вакцинираните е 60,7 години.

– Тоа значи дека од 1.000 лица постари од 65 години, ние веќе вакциниравме 614, што е голем успех за градот – рече Весиќ и додаде дека се задоволни од темпото на вакцинирање во градот.

Слични содржини