183
Во борбата за што поголемо учество на ризичните групи во вакцинацијата, во Берлин одллучија да им го олеснат пристапот на старите лица до центарот за вакцинација.
Центарот за вакцинација Берлин-Трептов нуди бесплатно такси за лица постари од 90 години кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19.
Портпаролката на проектот на Центарот за вакцинација, Регина Кнајдинг изјави дека на луѓето кои имаат најмалку 90 години им се нуди бесплатно возење со такси за термин за вакцинација.
Кој ќе добие повик и ќе закаже термин за вакцинација, може да побара такси што ќе го носи бесплатно до Центарот, а потоа и назад до домот, објасни таа.
Околу 18.700 лица во Берлин се постари од 90 години и сега е нивниот ред да се вакцинираат.