Во близина на Газа ИСЧЕЗНА ВНУКОТ на познат Србин: „Не ме прашувајте ништо, во паника сме“

од Stefanija Kuzmanovska
458 прегледи

Внукот на Душан Михалек, долгогодишен уредник на музичката програма на Радио Нови Сад и познат српски туристички водич во Израел, исчезнал во близина на границата со Газа, пишува „Блиц“.

Имено, се верува дека тој бил киднапиран од членови на Хамас на музички фестивал во саботата.

„Не ме прашувајте ништо, не ми се јавувајте, во паника сме… Нашиот најстар внук Мор исчезна, на границата со Газа. Не знаеме ништо за него. Молете се“, напиша Михалек на Фејсбук.

Најмалку 260 тела се откриени на местото на музичкиот фестивал, соопштија израелските власти, а бројот најверојатно ќе се зголеми.

Многумина се водат како исчезнати, за кои се верува дека биле однесени во Појасот Газа како заложници во еден од најсмртоносните напади на Хамас врз Израел.

Слични содржини