Во Бразил ќе се одбележува „Ден на кралот Пеле“

од Milan1
16 прегледи

Бразил ќе го слави националниот „Ден на кралот Пеле“, на 19 ноември секоја година, денот кога фудбалската легенда постигна 1.000 голови гол во кариерата во 1969 година.

Бразилската влада објави дека претседателот Луис Инасио Лула да Силва усвоил закон кој пропишува оддавање почит на Пеле, кој почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст.

Избраниот датум за комеморацијата е денот кога Пеле постигна гол од пенал за Сантос против Васко Де Гама, кој се смета за негов 1.000-ти гол во кариерата. Некои фудбалски историчари се сомневаат дека овој гол е 1.000-ти за Пеле во кариерата.

По тој гол, Пеле ја искористи приликата да одржи краток политички говор во кој порача дека Бразил треба подобро да се грижи за своите деца. Бразил тогаш беше под воена диктатура која започна во 1964 година и заврши дури во 1985 година.

„Ова е заслужено признание за еден од најважните и највлијателните луѓе не само во бразилскиот фудбал, туку и во светскиот спорт“, изјави сенаторот Хорхе Кајру.

Слични содржини