Во Бразил рекордни 90.570 новозаразени од Ковид

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Во Бразил во последните 24 часа се пријавени 90.570 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство.

Регистрирани се 2.815 смртни случаи, па изминатиот ден е втор најсмртоносен досега, пренесе Ројтерс.

Минатата недела беше најсмртоносна од почетокот на пандемијата во таа јужноамериканска земја, а беше забележан и голем пораст на бројот на новозаболени лица поради ширењето на заразната бразилска варијанта на вирусот.

Од почетокот на пандемијата во таа земја, потврдени се 11.871.390 случаи на коронавирус, а починале 290.314 лица.

Слични содржини