Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, соопштија утрово од најголемата опозициска партија.
Според нив, „Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот“.
Оттаму додаваат дека нема да дозволат да се реализира, како што истакнуваат, планот за бугаризација на Ковачевски.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав. Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. Предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.