194
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во Брисел на 17 и 18 август 2022 година, по повод продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопштија од кабинетот на Вучиќ.
Вучиќ во Брисел треба да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, со кого треба да потпише заедничка декларација за исчезнатите лица на Косово.
Се уште не е точно утврдено за што ќе разговараат Вучиќ и Курти, но Вучиќ неодамна изјави дека во Брисел сака да разговара за формирање Заедница на српски општини, но не според уставот на Косово.
Во рамки на посетата на Брисел, претседателот Вучиќ ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.