Во Брисел поставена „спомен-плоча“ за европратеникот кој беше фатен во геј-оргија (фото)

од Nikola Popovski
421 прегледи

Импровизирана „спомен-плоча“ во чест на политичката кариера на унгарскиот европратеник Јозеф Сајер била поставена на бриселскиот олук, по кој избегал од полицијата.

Таа е поставена од Унгарци кои живеат во тој град.

Покрај фотографијата на Сајер, на унгарски и на англиски јазик пишувало:

„Политичката кариера на Јозеф Сајер, европратеник за„ Фидес“ и на ЕПП, заврши тука, кога тој се обиде да им избега на властите користејќи го овој олук откако учествуваше во оргија, со екстази, за време на пандемијата на коронавируси, во петокот, 27 ноември“.

Слични содржини