930.000 полначи за електрични возила (EV) се инсталирани во Велика Британија на крајот на јуни, но повеќето од нив се инсталирани во домовите и деловните простории, додека само 65.000 се достапни за јавноста.
Според извештајот на лоби групата Charge UK, на секои 25 минути во Британија се инсталира по еден полнач за EВ.
Многу возачи, исто така, се воздржуваат од префрлување на електричен автомобил поради страв дека немаат доволно полначи на располагање, но нивните стравови се неосновани, рече извршната директорка на Charge UK, Вики Рид.
„Секторот за полнење ЕВ во Велика Британија стана главен играч во зелената економија за нешто повеќе од една деценија и обезбедува инфраструктура на која денес се потпираат повеќе од милион возачи на електрични автомобили“, рече Рид.
Во моментов има 1,1 милион електрични возила на патиштата во Велика Британија, вклучувајќи 167.000 продадени автомобили во првата половина од оваа година, според Здружението на производители и трговци на мотори.
Уделот на продадените ЕВ во сите продажби на автомобили во Британија е 16,6 отсто, пишува Гардијан.