Во Британија развиваат “опиплива“ телевизија

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Британски научници развиваат технологија која ќе им овозможи на телевизиските гледачи да ја почувствуваат, вкусат и допираат сликата на екранот, објави “Индипендент”.UltraHaptics

Истражувачите од Универзитетот во Сасекс се обидуваат да постигнат влијание врз сите сетила преку ултразвучни зраци и воздушни струи, кои ќе го зголемат емоционалната влијание на снимките. На овој начин пример ќе можеме да го чувствуваме дождот по рацете или ветрот во лицето, кога на екранот врне или дува.”Опипливата телевизија” ќе доведе до создавање на емисии кои “доловуваат целосно внимание на публиката и ја воведуваат во мултисетивен свет”, смета шефот на истражувањето д-р Маријана Обри.

Универзитетскиот тим работи заедно со “Ултрахептикс” (Ultrahaptics). Тоа е британска компанија која ja развива употребата на ултразвук за доставување на опипливi информации во човечките дланки, без за тоа да се потребни ракавици. Технологијата претпоставува дека ултразвучнитe бранови постигнуваат преку воздух директно до корисникот, a  влијаат на одредени точки на рацете. Ова, за возврат може да предизвика одредени емоции.

Истражувачите откриле дека “кратки и остри текови од воздух кон точки околу палецот, показалецот и средината на дланката водат до возбуда.” Полека и внимателно стимулацијата на надворешниот дел на дланката и точките околу малиот прст, обратно, буди тага. На ист начин на кој музиката во даден филм може да ги подигне емоциите и очекувањето, д-р Обри верува дека допирот исто така може да се користи, меѓу вкусот и мирисот, за да го засили за гледање искуство.