Во Бугарија 2537 новозаразени и 49 починати од Ковид-19

од Nikola Popovski
240 прегледи

Во Бугарија во последните 24 часа, регистрирани се 2537 нови случаи на коронавирус. Според ова 21,3% од извршените 11.931 тестови се позитивни, според ажурираните податоци на полноќ од Унифицираниот информативен портал.

Повеќето нови случаи се во Софија – 649, по што следат окрузите: Бургас – со 294 и Варна – со 258 новоинфицирани.

Според информациите 9.674 се лекуваат во болница; 769 се на единиците за интензивна нега. Пријавени се 1.453 лица излекувани за 24 часа, а 49 починале.

Во Бугарија, во последните 24 часа вакцинирани се 3.930 лица. Со нив, вкупниот број на администрирани вакцини сега е 434.158.

Вкупно вакцинирани лица со втора доза се 87 766.