Во Бугарија годишно умираат 8.500 луѓе од загаден воздух

од Milan1

Во Бугарија, повеќе од 8.500 луѓе годишно умираат предвреме од болести предизвикани од загадениот воздух. Ова е повеќе од оние кои гинат во сообраќајни несреќи, покажуваат официјалните податоци на Светската здравствена организација.

Концентрацијата на ПM2,5 честичките во воздухот во Софија денеска е 6,1 пати повисока од годишната препорачана вредност на СЗО за квалитетот на воздухот, според Индексот за квалитет на воздухот (AQI), јавија бугарските медиуми.

Бугарија е на третото место во светот по смртност предизвикана од загадениот воздух (по Северна Кореја и Босна и Херцеговина). Според СЗО, нискиот квалитет на воздухот чини 29,5 отсто од БДП на земјата поради намалената продуктивност и трошоците за здравствена заштита.

Најзагаден воздух во Бугарија дишат жителите на Стара Загора, а потоа следи главниот град. Трета е Враца, потоа Девња, Ловеч, Видин, Велико Трново, Пловдив, Шумен и Перник.

Слични содржини