449
Кошаркарите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис направија тетоважи во чест на трагично починатиот колега, Коби Брајант.
Двајцата го избрале мотивот црна мамба, бидејќи тоа бил надимакот на Коби, а фотографиите ги споделила тати-артистката. Леброн тетоважата ја направил на левото бедро, а Дејвис на десното.
Црна мамба беше надимакот кој Коби си го дал сам себе, а го означува неговото алтер его. Во документарецот, открил дека го создал за да си помогне за време на најтешкиот период во својот живот, периодот од 2003 и 2004 година.