Во Чиле ја забрануваат продажбата на „Киндер спрајз“

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Во Чиле беше забранета продажбата на “Киндер спрајз”. Земјата усвои законодавни мерки за воведување на здрава исхрана, како дел од борбата против дебелината.4913555

Според новоусвоениот закон на етикетите треба задолжително да се означени вредностите на шеќер или заситени масти содржани во производот. Чиле е рангиран во светот како пионер во воведувањето на здрава исхрана, истакна министерот за здравство Кармен Кастилјо во соопштението. Земјата се смета за модел на економски раст во Латинска Америка. Сепак, таа е и еден од најголемите потрошувачи на газирани пијалоци. Денес, повеќе од 60% од Чилеанците и една третина од децата под 6 години се дебели.

Законот кој ја штити здравата исхрана влегува во сила денес откако беа потребни пет години за да биде изгласан и четири години, за да се даде време на прехранбената индустрија да се адаптира. Целта му е првенствено да се чува здравјето на децата, а во училиштата се забрани продажба на штетна храна – богата со сол, шеќер, масти и висококалорична. Таквата храна се забранува да биде придружени со играчки, со што става крај на продажбата на “Киндер спрајз” или детското мени “Happy meal” во Мекдоналдс.

За разлика од американскиот гигант во брза храна, која може да се приспособи кон овие барања и да ги отстрани играчките во детското мени, италијанската компанија “Ferrero” останува надвор од чилеанскиот пазар. Италијанскиот производител кој ги пушти во продажба во 1972 година прочуените чоколадни јајца со играчка, изјави дека ќе се обрати до меѓународното право, бидејќи се влијае на репутацијата на еден од неговите најпознати производи. Сепак не треба да се заборави дека “Киндер спрајз” е забранет во САД според нормативна мерка од 1938 г, која забранува да се поврзува прехранбен производ со кое и да било друго средство / во случајот играчка.