Во црно од глава до пети: Анџелина Џоли во елегантно издание (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Тешко дека и едно појавување на Анџелина Џоли може да помине незабележано, а познатата актерка изгледаше многу елегантно кога се појави на улиците на Њујорк.

Во нејзиниот најнов стајлинг доминираше црн модел на фустан до колена, со класично V-деколте и шлицови на страните на бутовите за лесно движење.

Фустанот со едноставен, но ефективен дизајн беше проследен со пар класични штикли со шпиц, додека шолја свежо кафе служеше како главен додаток, заедно со пристоен накит со златен сјај и чанта со поделени букви од брендот Saint Laurent.

Познатата 48-годишна актерка неодамна привлече големо внимание со промената на фризурата. По неколку децении верност на чоколадно кафената нијанса, Анџелина ги осветли сите свои долги прамени и од бринета стана русокоса. Многумина се согласија дека новиот изглед одлично ѝ прилега на актерката и делува како еден вид освежување на убавината.

Но, иако Анџелина реши да претрпи прилично трансформација кога се во прашање фризурите, таа не прави никакви отстапки кога е стилот во прашање. Актерката во секоја прилика е верна на класичната елеганција, префинетите линии, едноставните кроеви и монохроматските бои.

Слични содржини