Во Данска абортусот ќе биде дозволен до 18-тата недела од бременоста

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Данската влада денеска објави дека за прв пат по 50 години ги ублажува ограничувањата за абортус и дека на жените сега им е дозволено да ја прекинат бременоста до 18-тата недела, наместо до 12-тата како што беше случајот досега.

Данската министерка за родова еднаквост Мари Бјере изјави дека законот ќе биде изменет и за да им се овозможи на девојчињата на возраст меѓу 15 и 17 години да абортираат без согласност од родителите, пренесе Ројтерс.

„Се работи за слободата на поединецот, за правото да одлучува за своето тело и неговиот живот. Ова е историски ден за еднаквоста на жените“, рече Бјере.

Слични содржини