Во дел од планинските села не се собира отпад, општините да најдат решение, побараа од Националниот парк Шар Планина

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни.

– Има појава, одат од градот за нагоре и го фрлаат отпадот на Шар Планина. Секако можам да одвојам три општини, како што се општина Тетово, Боговиње и Врапчиште каде има населени места или пак села во кои секако отпадот не се собира воопшто. Затоа апелирам до овие три општини да се организираат соодветно да го собираат отпадот да и да го пренесат во соодветните места. Секако ние сме секој ден на терен, а контактираме со овие луѓе. Не можеме да ги обвиниме нив заради тоа што нема собирање. Конкректно општина Тетово значи не собира никаков отпад во селата Ѓермо, Вејце и Бродец, Вешала и Бозовце. Во овие села никогаш не се собирал отпадот. Така со тој отпад е фрлен таму од со години на назад, истакна Дехари.

Тој вели дека ќе се обидат со организирање на акции да се подигне расфрланиот смет, но Националниот парк има потреба од повеќе соработка со општините.

– Да соработуваат за да најдеме соодветно решение за да го решиме овој проблем. Овој не е денешен проблем. Проблемот е одамна, секако. Ние како нова институција си стапивме во контакт со сите општини. Секако секоја општина имаат посебни карактеристики или па проблеми со отпадот. Така што мојот апел е соработка со националниот парк да си најдеме соодветно решение за да отвориме нови можности за посетителите како нашите од Република Северна Македонија од нашите градови, па и за странците. Зато што многу е лоша сликата од како ќе ни дојде секој посетител прво што ќе види е разновиден отпад, па после ќе помине во тие најубавите места, дали врвови или па езера, истакна Дехари.

Во последните седум дена исто толку шумски пожари имаше на Шар Планина, па од таму НП апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не се палат огнови и скари.

Слични содржини