Во Доњецк се слави со огномет и интонирање на руската химна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
288 прегледи

Откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ја признава независноста на ДНР и ЛНР, жителите на Доњецк излегоа на улиците да ја прослават оваа одлука.

На централниот плоштад во Доњецк беше организиран огномет, а се слушаше и химната на Русија.

Група луѓе со руски знамиња го следеа обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на самопрогласените Луганс и Доњецк и им нареди на извршните власти да го ратификуваат документот што е можно поскоро. Во исто време, Путин потпиша договори за соработка со лидерите на ЛНР и ДНР.

Слични содржини