Во Драч запленети 34.000 електронски цигари од Италија наменети за Косово

од Radmila Tasevska

Царинските работници во албанскиот пристанишен град Драч заплениле 34.420 парчиња електронски цигари, кои биле без фискална маркица, а чија крајна дестинација било Косово.

– Контејнер натоварен со електронски цигари во количина од 1.500 килограми или 34.420 парчиња пристигна на пристаништето во Драч со бродот „МЦС Каледонија Два“, кој испловил од Џоја Тауро, Италија. Од извршената контрола од страна на албанските царински органи, констатирано е дека електронските цигари биле без фискална маркичка на Република Албанија или Република Косово, се наведува во соопштението.

Поради тоа албанската Царинската управа ги прекина транзитните постапки, контејнерот е блокиран во пристаништето Драч и е предаден до Обвинителството на Основниот суд на општата надлежност, Драч, за кривично дело „Криумчарење на стоки за кои се плаќа акциза“.

Слични содржини