Во Дубаи палмите се “паметни“ и ќе овозможуваат безжичен интернет

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Во Дубаи се појавија “паметни палми”, кои дејствуваат како Wi-Fi рутери. Покрај бесплатно вклучување кон интернет мрежата, со нивна помош може да се напојуваат смартфони и да се добие референца.1850911835

Пронајдокот во вид на палма работи исклучиво со соларна енергија. Деветте листови на “палмата” имаат фотоелементи и “дрвото” произведува 7,2 киловати на ден.

Во моментов во градот веќе дејствуваат две такви палми – пред светскиот хотел Burj Al Arab и во паркот Zabeel. Според податоците на локалната компанија D Idea, која го создала новиот уред, во иднина “паметните палми” ќе обезбедуваат за жителите уште повеќе услуги. “Отсега тие ќе имаат банкомат и ќе обезбедат можност да се плаќаат сметки и услуги”, тврди шефот на компанијата Виктор Нелипа.dubai_big

Предвидено е следните 12 месеци да бидат споставени 103 “палми” во целиот град