Во Дубаи проституцијата зема замав: Повеќе од 40.000 сексуални работнички, еве за кои се плаќа најмногу

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Емиратот Дубаи, со десетици илјади проститутки кои работат во него, стана првокласна дестинација за сексуален туризам на Блискиот исток за голем број странски туристи, пишува француски „Монд“.

Овој емират е дом на голем број странци кои работат на многу ниски, но и многу високо платени работни места, но секоја година е домаќин и на голем број туристи, па само во 2019 година привлече околу 19 милиони посетители од странство.

Со оглед на тоа дека проституцијата е официјално забранета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), но практично се толерира во Дубаи, овој град стана многу популарна дестинација за сексуални туристи од целиот свет, пишува францускиот весник.

Конзумацијата на алкохолни пијалоци е дозволена во хотели, барови, ресторани и ноќни клубови кои имаат посебни дозволи, иако е забранета на јавни места.

Сексуалните работнички најчесто можат да се најдат во таквите угостителски објекти каде што им приоѓаат на клиентите, преговараат со нив за цената, должината и видот на услугите што ги даваат. Побогатите клиенти можат да договорат да имаат своја придружничка во текот на целата посета на Дубаи.

Постои и хиерархија според која проститутките од Кина, Филипините или Индија се најмалку платени.

Сексуалните работнички од Централна Азија наплаќаат повеќе за своите услуги, а најскапи се проститутките од Европа и арапските земји кои ретко може да се видат на јавни места, пишува „Монд“.

Се проценува дека во Дубаи работат меѓу 30.000 и 45.000 проститутки, а во 2017 година ООН го објави сведочењето на „сексуална робинка од Узбекистан“ која призна дека решила да се пријави во полиција со цел да се ослободи од „кошмарниот живот“ на сексуална работничка во Дубаи“.

Слични содржини