Во два израелски воздушни напади врз Сирија загинаа 15 лица

од Milan1
10 прегледи

Најмалку 15 лица загинаа во два израелски воздушни напада во близина на сирискиот главен град Дамаск. Шеснаесет лица се ранети во две станбени згради, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Цел на еден напад била канцеларијата на палестинската група Исламски џихад.

САНА објави дека во Сирија е активирана противвоздушна одбрана бидејќи „непријателот“ гаѓал цел јужно од градот Хомс, но без дополнителни детали.

Израел изврши стотици воздушни напади врз членови на либанскиот Хезболах во Сирија и функционери на други групи поддржани од Иран.