Во екот на славата исчезна од сцената: „Ме силуваа, дрогираа и држеа заробена“

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-пејачката Ејми Дафи се прослави во 2008 година со хитот „Мерси“, а веќе во 2009 година доби „Еми“ за најдобар поп вокален албум.

Сепак, во февруари 2011 година, таа реши да се повлече од јавноста по нејзиниот втор албум, без да наведе никакви причини. Публиката имаше можност повторно да ја слушне во 2013 година на концертот посветен на Едит Пјаф во Њујорк, а две години подоцна таа ја глумеше пејачката во филмот „Legend“.

Сепак, Дафи пред извесно време реши да открие зошто исчезна од сцената, а нејзиното признание шокираше многумина.

„Тоа е вистина, и ве молам верувајте ми, сега сум добро и безбедна сум, бев силувана, дрогирана и држена во заробеништво неколку дена. Се разбира, преживеав. Но, ми требаше време да закрепнам“, напиша таа на Инстаграм.

„Нема едноставен начин да ви го кажам ова. Многумина од вас се прашуваат што ми се случи, каде исчезнав и зошто. Многу пати размислував како да го напишам ова… и како би се чувствувала потоа. Не сум сосема сигурна затоа што ми се чини дека сега е вистинското време за тоа и дека зборувањето за тоа ќе ме ослободи. Сигурно се прашувате зошто не избрав да го искористам гласот за да ја изразам својата болка. Не сакав да ја покажам мојата тага на светот, незнаејќи како да пеам со скршено срце. Но, до сега постепено заздравував. Вистината е… и ве молам верувајте дека сега сум добро и безбедна“, продолжи таа.

„Бев силувана, дрогирана и неколку дена во заробеништво, но преживеав и ми требаше долго време да се опоравам“, заклучи Дафи.

Но, таа не наведе кога точно се случило сето ова, ниту дали случајот го пријавила во полиција. Обожавателите ја поддржаа во коментарите, а таа набрзо избриша се што објави.

Слични содржини