Новороденото бебе е едно од двете деца кои загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција.
Најмалку седум лица, меѓу кои и новороденче, загинаа во експлозија и пожар што избувна во југозападна Франција. Во експлозијата загинаа две деца, јавија локалните медиуми.
Француските медиуми известуваат дека експлозијата се случила во понеделникот вечерта околу 1:30 часот во самопослуга, на приземје на двокатна зграда во центарот на Сен Лоран де ла Саланк, во близина на Перпињан.
Полицијата отвори истрага за подметнувањето пожар со смртен исход. Службите за итни случаи ги пребаруваат урнатините.
Тешко повредениот 27-годишник кој скокнал од прозорецот на првиот кат бегајќи од пожарот е пренесен во болницата во Монпелје. Уште тројца повредени се пренесени во клиниката Сен Пјер во Перпињан.
Плински боци пронајдени во близина
Француските медиуми јавуваат дека во близина на зградата биле пронајдени плински боци, но не се знае дали тие се поврзани со трагедијата што се случила. На местото на настанот има 120 пожарникари.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во текот на денот ќе го посети местото на настанот. Тој на Твитер напиша дека дал „целосна поддршка“ на службите за итни случаи, додавајќи дека неговите „мисли се со жртвите и нивните најблиски“.