Во експлозија во руска воена база загина едно лице

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на барут при истовар на муниција во руската воена база во населбата Тејсин во областа Амур во регионот Хабаровск, изјави денеска за ТАСС извор од Службата за вонредни ситуации.

„Како резултат на експлозијата на барут при истовар на муниција седум лица се повредени, се здобиле со полесни повреди. Едно лице го загубило животот“, изјавил изворот.

По експлозијата на барут во воената база избувнал пожар кој набрзо бил локализиран.

Слични содржини