38
Во Германија, акциите на производителот на оружје Rheinmetall потонаа за речиси 24%, додека во Обединетото Кралство акциите на „Rolls-Royce“ паднаа за 12%.
Одбранбените акции пораснаа претходно оваа година поради очекувањата за повисоки трошоци од европските влади, но сега претрпуваат тежок удар.
Што се однесува до банките, Barclays падна за 8%, NatWest 7%, додека Commerzbank и Deutsche Bank се во пад од околу 10%.
Во британскиот FTSE 100 индекс утрово ниту една компанија не го избегна падот – сите забележаа загуби.