БиХ е држава со најмногу регистрирани обложувалници во Европа, кои остваруваат огромни приходи, но не плаќаат даноци, објави ТВ1.
Според податоците до кои дојде наведената телевизија кон средината на 2015 година, обложувалниците во Федерацијата БиХ, на име на данок, должеле околу 40 милиони марки.
Законски решенија
Ако на наведениот износ на долгот се додадат каматите и трошоците на постапката, долгот на обложувалниците кон државата изнесува 60 милиони марки. Основна причина за неплаќање на данок се лошите законски решенија.
– Ние имаме постоечко законско решение каде за игри на среќа не се плаќа ДДВ. Од друга страна, имате ДДВ на се останато, не лекови, леб, книги. Мислам дека е тоа работа која треба да се промени во иднина. Исто така и во однос на Законот за данок на доход, игрите на среќа т.е. добивките до 100 КМ не се даночени и јас не гледам причина зошто и тој дел не би се даночел, рече за ТВ1 Шериф Исовиќ, в.д. директор на Даночната управа на БиХ.
Актуелните закони одат на рака на обложувалничките лобија. На даночната управа рацете и се врзани, па така и кога добиваат судска потврда, речиси е невозможно принудно да наплатат долг на обложувалници, бидејќи во согласност со одлуката на Уставниот суд, не може да се заплени имот на сопственик, туку само на правен субјект. А самите кладилници најчесто немаат имот. Поради тоа од Даночната управа предлагаат донесување на интервентен закон со кој би се утврдил рок за плаќање на долгови.
Извори за ТВ1 истакнуваат и дека оваа проблематика е запуштена многу години. Секој од предметите кои се однесуваат наобложувалниците, наведено е во тој медиум, треба да се провери посебно и да се види дали поседуваат некаков имот кој може да пружи можност за наплата.
Зависност од коцкање
Како што наведовме, од сите европски земји Босна и Херцеговина е прва по бројот на обложувалници, а тоа го покажаа неодамна објавените истражувања на повеќе релевантни институции во земјата и во Европа. Експертите предупредуваат декаобложувалниците се голем проблем кој го оптоварува општеството на БиХ.
Дури половина милион луѓе во земјата парите ги даваат на обложувалници. Тоа е дури една четвртина од целото население во БиХ. Во последната година сведоци сме на се поголем број на обложувалници. Се затвараат продавници, книжари и на тие места се отвараат обложувалници во кои одат луѓе од сите возрасти, а кои во безнадежноста на животот се надеваат на „брза заработка‟.
Нада Матовиќ, директорка на Групата на патолошки коцкари, која работи во Заедницата на клубови на лечење на алкохоличари „Др. Владимир Худолин‟ од Мостар, за „Вечерњи лист“ изјави дека Мостар се претвара во легло на зависност од коцкање, бидејќи во овој град веќе сега живеат околу 1.000 патолошки коцкари.
Таа предупреди дека се обложуваат старци, деца, мажи, жени, а голем број на случаи има кога од коцкање се зависни цели семејства.
Матовиќ предупреди дека можеби се чини дека коцката е златна кокошка на државата, но државата во иднина повеќе ќе инвестира во зависноста од коцкањето, од порано.
Понатаму, таа предупреди дека потешко е да се излечи зависност од коцкање од зависност од алкохол.
24 сата – Загреб