Во француски болници се служи вино за да се развеселат пациентите

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Една болница во Франција одлучи да отвори вински бар, за да го подобри квалитетот на животот на пациентите, посебно оние во потешка фаза од болеста.

first-flight-wine-bar-bg

Винскиот бар е сместен во центарот за палијативна нега во Универзитетската клиника Клермон-Феран, во централна Франција.Пациентите можат да викнат пријатели и роднини на чаша вино.

Првиот вински бар во земјата, има задача да внесе малку радост во животот на тешко бочните пациенти.

Целта е пациентите да се чувствуваат како луѓе,а заедно со роднините и пријателите да имаат прилика, иако во болничко опкружување да уживаат во меѓусебно дружење.