Цариниците на пристаништето Марсеј минатиот петок заплениле половина тон кокаин, соопшти денеска француската влада.
Дрогата, која на црниот пазар се проценува на 36 милиони евра, била скриена во контејнер кој превезувал паркет, а пратката доаѓа од Чиле.
Ова е најголемата заплена на царина во Марсеј досега.
Француската полиција минатата година заплени близу 18 тони кокаин, двојно повеќе од 2020 година.