Во функција влезе и Клиниката за очни болести: Проширени капацитетите за 43 нови кревети

За дополнителни 43 кревети е проширен капацитетот во Ковид одделенијата.

Имено, од утринава почна да работи Клиниката за очни болести која има капацитет од 23 кревети, а Ковид центарот во ГОБ 8 Септември го прошири капацитетот за 20 нови места. Такашто, од 80, сега има 100 болнички кревети, информираа од Министерството за здравство.

„Ковид центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија“, велат од Министерството.

Се очекува,како што додаваат од министерството, во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни.

Слични содржини