Во воздушни напади вчеравечер и во текот на ноќта се убиени 94 Палестинци, а од нив 45 чекале за неопходната хуманитарниа помош, соопштија здравствените власти во Газа. Израелските вооружени сили не се огласија со реакција на ова обвинување од палестинска страна.
Пет луѓе се убиени пред објекти поврзани со „Хуманитарната фондација за Газа“, новосоздадената американска организација поддржана од Израел. Четириесет други жртви чекале помош на други локации во Појасот Газа.
Десетици други лица се убиени од воздушни напади, од кои 15 во бегалски камп со шатори. Уште толку загинале во израелски воздушен напад врз училиште во градот Газа, каде исто така престојувале раселени лица.
Трагичниот биланс доаѓа во време кога Израел и Хамас се пред договор за примирје кој е инициран од САД.