Во Германија исчезна 15- годишно девојче од Србија

од Milan1
75 прегледи

Петнаесетгодишното девојче Џана Богучанин од Србија исчезна вчера во Офенбах на Мајна, Германија. Имено, таа последен пат била видена во близина на училиштето „Гешвистер-Шол“ по завршувањето на наставата, а според она што го кажал нејзиниот татко, се стравува дека била киднапирана, пренесува Дневни Аваз.

Таткото на девојчето, Бенјамин Богучанин, раскажа како се случил овој немил настан, и како се одвива потрагата по неговата ќерка.

– Се уште трагаме со полиција. Последен пат Џана била видена вчера, кога околу неа и нејзините пријателки биле двајца постари мажи.  Другарките рекле дека мажите извадиле пиштол и побегнале. Кога пристигнала мајката и полицијата неа ја немало, вели очајниот татко.

Полицијата веднаш започнала потрага по неговата ќерка.

-Полицијата се обидува да и го лоцира телефонот, но не може ништо бидејќи е исклучен. Сега ја проверуваат снимката од камерите во училиштето.

Што се однесува до сведоците, како што објасни таткото на Џана, тоа се само нејзини пријателки кои случајно се нашле на лице место.

– Ги опишаа, но залудно… – изјави Богучанин од Нови Пазар, кој со семејството живее и работи во Германија.

По повод исчезнувањето на Џана со соопштение се огласи и полицијата на Офенбах:

– Криминалната полиција во Офенбах бара помош од јавноста за пронаоѓање на 15-годишната Џана Богучанин, која последен пат била видена во понеделникот попладне, околу 13 часот и 40 минути, на улицата Вон Бретано, велат од полицијата.

Слични содржини