Во Германија измерена најниска температура од -26,7°С

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Рано наутро денеска, источногерманската држава Тирингија забележа најниски температури во цела Германија, јавува германската метеоролошка служба (ДВД). Градот Милхаузен беше рекордер со најстудена температура од -26,7°С.

Германската железница (Дојче Бан) исто така во средата објави неколкучасовно доцнење и откажување на возови.

„Нашите тимови ги расчистуваат главните правци од снег дење и ноќе, но сообраќајот е отежнат“, велат од Германска железница.

Снег сè уште паѓа во северната половина на Германија, која продолжува да го блокира сообраќајот на пругите меѓу метрополите Хамбург, Келн и Берлин. Германската метеоролошка служба најавува и обилни врнежи од дожд во вторник, особено долж бреговите на Северното и Балтичкото море.

Поради лошите временски услови, сообраќајот е отежнат и на аеродромите, а некои, како оној во Дортмунд, целосно го прекинаа сообраќајот.

Зголемувањето на температурата се очекува дури кон крајот на неделава, но се уште се прогнозира студено време со температури околу нулата.