Во Германија ќе се одржат мировни разговори помеѓу Ерменија и Азербејџан

од Radmila Tasevska
273 прегледи

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан треба да одржат мировни разговори во Берлин оваа недела, соопштија двете министерства, во обид да се реши повеќедеценискиот конфликт меѓу кавкаските земји.

Двете држави се бореа за контрола на отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах, кој Баку го врати минатиот септември од ерменските сепаратисти кои го контролираа со децении.

Средба на делегациите на министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан ќе се одржи на 28-29 февруари во Берлин, изјави денеска портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи, Ани Бадалијан.

Средбата беше планирана „во согласност со договорот постигнат на трилатералните разговори во Минхен“, на кои присуствуваа ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Средбата во Минхен беше одржана со посредство на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шефот на азербејџанската дипломатија Џејхун Бајрамов потврди дека ќе се сретне со ерменскиот колега Арарат Мирзојан „во текот на следните денови“.

Слични содржини