„Многумина ја откажаа вакцинацијата откако слушнаа дека треба да се вакцинираат со „АстраЗенека“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија.
Во градот Муенстер на северот на оваа провинција, 30 проценти од медицинскиот персонал во градските здравствени установи одбиле да се вакцинираат со оваа вакцина.
Слични вести пристигнуваат од соседна Долна Саксонија.
Министерот за здравство Јенс Спан во средата рече дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна.
„Веднаш би се вакцинирал со оваа вакцина“, рече Спан.
Некои медиуми, како што е Зигенер цајтунг, пишуваа за откажувањето на датумот на вакцинација откако пациентите вакцинирани од вакцината се пожалија на замор, треска и болка во екстремитетите.
Во исто време, Спан апелираше до сојузните држави да ги исцрпат резервите на вакцини АстраЗенека што е можно поскоро.
Според Централниот епидемиолошки институт Роберт Кох, од испорачаните 736.800 дози на оваа вакцина, биле потрошени само 85.000.
До крајот на февруари, АстраЗенека треба да достави уште еден милион дози од својата вакцина во Германија.
Скептицизам во врска со оваа вакцина постои како резултат на значително помала ефикасност отколку вакцините од други производители, како што е Фајзер и намалена активност кај постарите лица, и ова е група на граѓани на врвот на листата приоритети за вакцинација.
Оваа вакцина исто така е помалку ефикасена против јужноафриканскиот мутиран вид на коронавирус.