Почнува процесот против 22-годишниот ирачанин Али Б, кој е обвинет за убиство на германска девојка, пишува “Дојче веле”.
На 14 мај 2018 година, 14-годишната Сузан Ф. беше убиена во Висбаден.
Нејзиното тело беше откриено две недели подоцна, недалеку од центарот за имиграција каде што живее Али Б.
Човекот го признал убиството на девојчето.
Ова предизвика огромна дебата за миграционата политика на Германија, засилена со фактот што Али Б. бараше азил во земјата, беше одбиен, но тој сѐ уште беше во Германија и го изврши сериозниот криминал.
По убиството, екстремната десница од Алтернативата за Германија организираше насилни маршеви во спомен на девојчето.
Другите повикаа на протести против употребата на смртта на Сузан Ф. за политички цели.
Властите, исто така, беа критикувани откако стана јасно дека Али Б. и бил познат на полицијата поради поранешните злосторства.