Во Германија во текот на викендот, повеќе од 1,4 милиони луѓе демонстрираа против екстремната десница

од Radmila Tasevska

Повеќе од 1,4 милиони луѓе од петокот демонстрираа во десетици градови низ Германија против екстремно десничарската партија АфД (Алтернатива за Германија) и нејзината радикална идеологија, објавија денеска две организации кои повикаа на протести.

„Само денеска се одржаа протестни маршеви во околу 40 градови, што е јасен сигнал против АфД и десничарските ексцеси во германското општество“, се вели во соопштението на организациите кои повикаа на протести.

Полицијата не ги даде своите бројки за сите тие собири.

Слични содржини