402
Денес се очекува да се оддржи најголемиот протест од почетокот на самитот во Глазгов.
На протестот ќе се приклучи и шведската активистка Грета Тунберг, која на Твитер веќе ги повика активистите во што поголем број да се приклучат на протестот.
Таа ги повика и работниците кои штрајкуваат во Глазгов.
Повеќе од 20 улици во Глазгов ќе бидат затворени за време на протестите.